КОМУНАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА БАРААТ ДА ПЛАЌААТ СТРУЈА КАКО ДОМАЌИНСТВА Загрозена е работата на пумпните и на пречистителните станици
Заради нормално функционирање и снабдување со електрична енергија бараме JКП да склучуваат договор за снабдуванье со електрична енергија со ЕСМ по цена по која ЕСМ Продажба ДООЕЛ, Скопе, jа продава на универзалниот снабдувач со електрична енергија, која служи за снабдуванье на населението односно домаќинствата и малите потрошувачи, се наведува во дописот до медиумите.
Деведесет јавни комунални претпријатија, преку Здружението за даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија (АДКОМ) со дописи до Владата, Регулаторната комисија за водни услуги и услуги за управување со отпад и до Министерството за енергетика упатија барање за повластена цена на електричната енергија.
Јавните претпријатија беа силно погодени од енергетската криза во 2022 година, работат со потешкотии и имаат долгови.
„Помалку од 10% од струјата што ја трошат претпријатијата отпаѓа на административни објекти, а повеќе од 90% од потрошената електрична енергија го опфаќа работењето на пумпните станици за питка вода, атмосферските и фекалните пумпни станици и на пречистителните станици за отпадни води. Јавните комунални претпријатија сметаат дека во интерес на нивната ликвидност, а со тоа и во интерес на граганите, е да плаќаат струја по единствена цена за киловат час. Заради нормално функционирање и снабдување со електрична енергија бараме JКП да склучуваат договор за снабдуванье со електрична енергија со ЕСМ по цена по која ЕСМ Продажба ДООЕЛ, Скопе, jа продава на универзалниот снабдувач со електрична енергија, која служи за снабдуванье на населението односно домаќинствата и малите потрошувачи“, се наведува во нивниот допис до медиумите.
Јавните претпријатија на годишно ниво трошат до 50 GWh електрична енергија, што е само 1% од производството од домашни извори кое изнесува минимум 5.000 GWh на годишно ниво.
„Доколку не се преземат соодветни мерки може да се очекува нередовно водоснабдување на населението и пречистување на отпадните води, што во крајна линија ќе го загрози здравјето на населението во целата држава и ќе прдизвика несогледливи еколошки проблеми“, предупредуваат Здружението и 90 јавни комунални претпријатија кои очекуваат и апелираат на итна одлука од надлежните.