📷 НАШИОТ ГЛАС Е СÈ ПОСИЛЕН Мицкоски се сретна со еден од најблиските соработници на Трамп
Се бориме дома за повисоки плати, пензии, нова инфраструктура, подобро здравство, поконкурентно образование, брзорастечка економија итн…, но се бориме и во Брисел, Берлин, Париз, Лондон, Вашингтон итн…, нашиот глас е сè посилен!, напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук обзнани дека на свеченоста „Гласови на слободата“ по инаугурацијата на новиот америански претседател Доналд Трамп, остварил средба со Ден Бонџино, еден од најблиските соработници на претседателот Трамп и најпознат политички десничарски коментатор.
„Разговор во кој зборувавме за Македонија, нашите предизвици но и можности. Нашите аргументи и позиции се јасни и нашето стратешко партнерство со САД и администрацијата на Претседателот Трамп се силни. Се бориме дома за повисоки плати, пензии, нова инфраструктура, подобро здравство, поконкурентно образование, брзорастечка економија итн…, но се бориме и во Брисел, Берлин, Париз, Лондон, Вашингтон итн…, нашиот глас е сè посилен!“, напиша Мицкоски.
Свеченоста „Гласови на слободата“ беше организирана од компаниите ,,Трамп Медиа” и Рамбл.