ТИЕ БЕА ЗАЛОЖНИЦИ, НЕ НАПРАВИЈА НИШТО ЛОШО Трамп помилува 1.500 лица, обвинети за упадот во Капитол

Очекуваме да излезат вечерва. Го очекуваме тоа, изјави претседателот Доналд Трамп, мислејќи на на затворениците кои се осудени во врска со упадот на Капитол.

236

Американскиот претседател, Доналд Трамп, помилува 1.500 лица, обвинети во врска со упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

– Очекуваме да излезат вечерва. Го очекуваме тоа – рече Трамп.






Претседателот рече и дека на шестмина обвинети ќе им бидат намалени казните.

Помилувањето на овие обвинети е исполнување на едно од неговите предизборни ветувања, имено да им помогне на неговите поддржувачи кои беа обвинети и затворени во врска со упадот на Капитол, чијашто цел беше да се спречи потврдата за победата на Џо Бајден во претседателските избори во 2020 година, јавија американските медиуми.

Некои федерални затвореници, кои отслужуваат казни поврзани со настаните од 6 јануари, може да бидат ослободени истиот ден.

Според Трамп, многумина од речиси 1.600 лица, обвинети во врска со нападот, биле третирани неправедно од правосудниот систем. Тој ги нарече „заложници“.

– Ќе ги ослободиме нашите големи заложници, кои, во голема мера, не направиле ништо лошо – рече Доналд Трамп.

Поврзани содржини