КАНАЛОТ ЦЕЛОСНО НИ ПРИПАЃА НАМ Панамскиот претседател експресно му одговори на Трамп

Панамскиот претседател повика на дијалог за ова прашање за „да се разјаснат споменатите точки без да се наруши нашето право, целосен суверенитет и сопственоста на нашиот канал“.

1,570

Претседателот на Панама Хозе Раул Мулино го отфрли ветувањето на Доналд Трамп дека САД ќе го „вратат“ Панамскиот канал.

– Каналот е и ќе продолжи да биде на Панама и неговата администрација ќе продолжи да биде под панамска контрола во однос на нејзината постојана неутралност – повтори Мулино по инаугуративниот говор на Трамп.






Мулино, исто така, го отфрли тврдењето на Трамп дека Кина „управува“ со каналот, кој го поврзува Карипското Море со Тихиот Океан.

– Нема присуство на ниту една нација во светот што се меша во нашата администрација – рече Мулино без директно да ја спомене Кина.

Мулино повика на дијалог за ова прашање за „да се разјаснат споменатите точки без да се наруши нашето право, целосен суверенитет и сопственоста на нашиот канал“.

Управата на Панамскиот канал изјави за Си-Ен-Ен дека нема да ги коментира забелешките на Трамп.

Трамп за време на неговото инаугуративно обраќање тврдеше дека Панама ги прекршила договорите за кои е потребна неутралност во управувањето со каналот.

– На американските бродови сериозно премногу им се наплаќа и не се третираат праведно на кој било начин, облик или форма, а тоа ја вклучува и американската морнарица. И пред сè, Кина управува со Панамскиот канал и ние не и го дадовме на Кина. Го дадовме на Панама. И ние ќе си го вратиме назад – рече новиот американски претседател.

Поврзани содржини