ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА ПАЛЕВСКИ ДА СЕ СМЕНИ СУДИЈАТА Од сведокот Гоце Трајковски ни трага ни глас
Обвинетиот Палевски на претходното рочиште на 20 декември побара да се изземе претседателот на судечкиот совет Ивица Стефановски, затоа што, како што рече, тој бил необјективен, пристрасен и не му дозволил правична одбрана, како и дека не го барал оружјето со кое се извршени убиствата кај другите обвинети.
Претседателот на Судот Иван Џолев го одби како неосновано барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо за изземање на судијата Ивица Стефановски.
Обвинетиот Палевски на претходното рочиште на 20 декември побара да се изземе претседателот на судечкиот совет Ивица Стефановски, затоа што, како што рече, тој бил необјективен, пристрасен и не му дозволил правична одбрана, како и дека не го барал оружјето со кое се извршени убиствата кај другите обвинети.
Сведокот Гоце Трајковски не бил достапен и за ова рочиште, но Обвинителството не го повлекува барањето тој да биде сведок тогаш кога ќе биде достапен за органите.