ИСКОРИСТЕТЕ ГО МОМЕНТОТ НА НАША НАКЛОНЕТОСТ КОН ПРОШИРУВАЊЕТО Михалис Рокас се обрати во македонското Собрание

Амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас кажа дека треба да се искористи моментумот на наклонетост во Европската комисија кон нашата земја за почеток на преговори за членство во Унијата.

292

Сите политички партии треба постојано да придонесуваат за јакнење на улогата на Собранието како форум за конструктивен и инклузивен политички дијалог во насока на забрзување на реформите за членство во Европската Унија, повика амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас денеска во Парламентот, на заедничка седница на собранискиот Национален совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања, на чиј дневен ред беше Извештајот на Европската комисија за 2024 година.

Рокас во обраќањето кажа дека треба да се искористи, како што рече, моментумот на наклонетост во Европската комисија кон нашата земја за почеток на преговори за членство во Унијата.






– Би сакал да ве поттикнам да го искористите тековниот момент на наклонетост кон проширувањето. Има вистински моментум, има вистинска посветеност. Од наша страна сме посветени и подготвени да ви помогнеме да го изодите патот кон Европската Унија. Како што сите сведочевте во последните неколку извештаи од Брисел, има голем интерес и благонаклонетост кон Република Северна Македонија да се отвори првото поглавје во преговорите. Новиот претседател на Советот, новиот комесар за проширување и новиот потпретседател на Комисијата Калас, сите ја изразија поддршката за вашиот пат кон ЕУ – рече евроамбасадорот.

Поврзани содржини