СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Тројца повредени итно пренесени во болница по судирот

Според информациите од полицијата, во незгодата се здобиле со телесни повреди двајцата возачи и уште една сопатничка во товарното возило, Ф.Е. (46) од Скопје. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана медицинска помош.

1,128

Вчера вечерта, околу 21:55 часот, на крстосницата од булевар Св. Климент Охридски, улица Митрополит Теодосиј Гологанов и улица Димитрие Чуповски во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило Пежо Боксер со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Е. (59) од Скопје, и патничко возило Мерцедес со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И. (47) од село Волково, скопско.

Според информациите од полицијата, во незгодата се здобиле со телесни повреди двајцата возачи и уште една сопатничка во товарното возило, Ф.Е. (46) од Скопје. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана медицинска помош.






„На местото на настанот беше извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Скопје, а истрагата за причините за несреќата е во тек“, соопштија од полицијата.

Сообраќајот на оваа фреквентна крстосница бил привремено пренасочен, но ситуацијата била нормализирана по завршувањето на увидот.

Поврзани содржини