Општина Ѓорче Петров и Министерството за социјална политика демографија и млади потпишале договор за изградба на нова детска градинка за 120 деца, објави на Фејсбук градоначалникот Александар Стојкоски.
Објектот на површина од 900 метри квадратни ќе чини 82 милион денари.
Во тек е изградбата и на градинката во населено место Стопански двор, а наскоро почнуваме процесот за апликација за нова градинка во Александрија.