„ФАЛАНГАТА“ НА ТРИБИНИТЕ, СИТЕ ОСТАНАТИ ПРЕД ЕКРАНИТЕ Избраниците на Лазаров на мегдан со моќната Унгарија

Од 20:30 часот, избраниците на селекторот Кире Лазаров ќе се соочат со фаворизираната репрезентација на Унгарија во арената во Вараждин.

567

Македонската ракометна репрезентација денес ќе го одигра својот прв натпревар на Светското првенство кое се одржува во Норвешка, Данска и Хрватска. Од 20:30 часот, избраниците на селекторот Кире Лазаров ќе се соочат со фаворизираната репрезентација на Унгарија во арената во Вараждин.

Ова е прво големо натпреварување за Македонија со Филип Кузмановски како капитен.






– Одамна се подготвуваме за Унгарија, акцент ставивме уште на контролните натпревари. Си докажавме дека можеме да се носиме со големи ривали. Мотивацијата ни е на високо ниво. Зошто да не ја изненадиме Унгарија? Имаат звучни имиња и повеќе искуство, но и ние имаме свои адути. Во новата година игравме три натпревари против селекции што наликуваат на Унгарија – Холандија и Гвинеја – изјави Кузмановски на средбата со новинарите во Вараждин.

Македонските фанови пристигнуваат во Вараждин

Унгарските навивачи купиле околу 2.000 билети за групната фаза и вечерва се очекува да бидат доминантни на трибините. Сепак, македонските фанови денес веќе пристигнуваат во Вараждин, собирајќи се низ локалните кафулиња и во фан-зоната која беше креирана за поддршка на националниот тим.

Македонија влегува во дуелот како аутсајдер, но со оптимизам и верба во сопствените способности. Сите очи ќе бидат вперени кон тимот и капитенот Кузмановски, кој најави борбена и мотивирана игра против еден од најдобрите состави во групата.

Распоред на натпреварите на Македонија на СП 2026

15.01.2025 МАКЕДОНИЈА – Унгарија 20:30 часот

17.01.2025 МАКЕДОНИЈА – Холандија 18:00 часот

19.01.2025 МАКЕДОНИЈА – Гвинеја 20:30 часот

РАКОМЕТЕН СУДИР НА ТИТАНИТЕ! 32 нации, една титула, започнува Мундијалот, Македонија подготвена за борба

ХРВАТСКА ЗАБРАНИ СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ ДА БЛЕСКА НА ТРИБИНИТЕ „Фалангата“ ќе може да навива само со официјалното знаме

Поврзани содржини