ОВОЈПАТ ЛУЃЕТО МЕ ГЛЕДААТ ПОИНАКУ Меланија го избра мебелот за Белата куќа, сними и документарец
И за прв пат бев јас, едноставно ми се чинеше дека луѓето не ме сфаќаат сериозно или не ме прифаќаат, можеби сега ќе биде поинаку. Немав голема поддршка. Можеби некои луѓе ме гледаат само како сопруга на претседателот, но стојам на свои нозе, имам свои размислувања, истакна Меланија Трамп и најави дека нејзина била идејата да се сними документарец за нејзиниот живот.
Старо-новата прва дама на САД, Меланија Трамп, вели дека веќе се спакувала и го одбрала мебелот кој ќе го однесе во Белата куќа по инаугурацијата на нејзиниот сопруг на 20 јануари. Меланија рече дека нема трајно да се насели во претседателската резиденција каде што, овојпат, нејзиниот 18-годишен син Барон ќе има своја соба.
– Имав идеја да направам филм за мојот живот. Мојот живот е неверојатен. Тој е незамисливо полн со обврски. И му реков на мојот агент: Имам идеја, оди и договори се во мое име – рече Меланија за документарецот кој наскоро ќе се емитува на сервисот Амазон на познатиот милијардер Џеф Безос.
Продукцијата на филмот, односно лиценцата на Амазон, чинеше 40 милиони долари. Американските медиуми пишуваат дека тоа е уште еден доказ за вртењето на Безос кон Трамп.
Амазон во декември објави дека ќе донира милион долари во фондот за инаугурацијата на Трамп, но и дека ќе врши пренос во живо од настанот, што ќе биде безготовинска донација во вредност од уште милион долари.
Безос заедно со милијардерот Илон Маск донираа во кампањата на Трамп. И двајцата, заедно со газдата на Фејсбук, Марк Закерберг, ќе имаат видно место на инаугурацијата на новиот претседател.