СНЕЖИ НА ПРЕВОИТЕ ПРЕСЕКА И БУКОВО Забрани за тешки товари возила има на неколку патни правци

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

104

Сообраќајот на патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково, соопшти АМСМ.

Утрово, забрани за движење на тешки товарни возила од превентивни причини има на патните правци: Маврово-Дебар, Tетово–Попова Шапка и на планискиот премин Струмица – Берово.






Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини