БУГАРИЈА ПРЕДЛАГА НАЦРТ-ДОГОВОР СО МАКЕДОНИЈА ЗА ГРАНИЧНИОТ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ТУНЕЛ Софија очекува набрзо да ги почне преговорите со Скопје

Со потпишувањето на документот ќе се договорат техничките, финансиските, правните и организациските прашања поврзани со изградбата на тунелот, што треба да биде во согласност со европското и националното законодавство на двете земји, соопшти денеска бугарското министерство за транспорт и врски.

6,602

Бугарската влада ѝ испрати на Македонија нацрт-договор за подготовка, изградба и за работа на прекуграничниот железнички тунел што ги поврзува двете земји, соопшти денеска бугарското министерство за транспорт.

Предлогот на бугарската држава е двете влади да преземат конкретни и јасни обврски за имплементација на граничниот железнички тунел, кој е клучен елемент на Коридорот 8, се вели во соопштението.






„Со потпишувањето на документот подготвен од Министерството за транспорт и врски ќе се договорат техничките, финансиските, правните и организациските прашања поврзани со изградбата на тунелот, што треба да биде во согласност со европското и националното законодавство на двете земји. Страните ќе се договорат која од нив ќе биде одговорна за изградба на прекуграничниот објект, за јавните набавки и за надзорот на изградбата. Планирано е управителите на железницата на Бугарија и на Северна Македонија да создадат заеднички работни групи, за да ја подготват потребната документација за тендерските постапки“, соопшти денеска бугарското министерство за транспорт.

Во рок од три месеци од стапувањето во сила на Договорот, се додава во соопштението, Бугарија и Македонија мора да подготват и да достават до Европската комисија и до финансиските институции заеднички распоред за реализација на изградбата.

„Двете страни ќе вложат максимални напори да обезбедат грант помош за изградба на објектот и неговата соседна железничка инфраструктура, во согласност со барањата на ЕУ и на НАТО за стандардите на Трансевропската транспортна мрежа (ТЕН-Т). Тоа, исто така ее наведено во нацрт-договорот. Бугарската страна е подготвена што поскоро да ги започне преговорите со Република Северна Македонија за предложените текстови, а потоа да продолжи со неговото потпишување“, соопшти Министерство за транспорт на Бугарија.

Поврзани содржини