🎥 ХАМАС ГО ПРИФАТИ НАЦРТ-ДОГОВОРОТ ЗА ПРЕКИН НА ОГНОТ Бен-Гвир се закани со оставка ако Израел склучи примирје
Владата на Бенјамин Нетанјаху има 68 места во 120-члениот израелски парламент, Кнесетот. Доколку си заминат групите, предводени од министерот за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, и од министерот за финансии, Безалел Смотрич, Нетанјаху веќе нема да има мнозинство.
Палестинската милитантна група Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на десетици заложници, изјавија двајца неименувани претставници вклучени во преговорите во Доха.
Претставникот на Израел истакна дека е постигнат напредок, а се финализираат деталите.
Планот за прекин на огнот и за ослободување на заложниците треба да биде поднесен до израелската Влада на конечно одобрување.
Катар денеска соопшти оти Израел и Хамас се многу блиску до постигнување договор за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на заложниците.
Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал Ансари тековните преговори во Катар ги оцени како позитивни и продуктивни, но не наведе детали. Катар, повеќе од една година, е клучен посредник во индиректните преговори помеѓу Израел и Хамас.
Од друга страна, пак, екстремно десничарскиот израелски министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, се закани дека ќе поднесе оставка од владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во случај на договор со Хамас за заложниците кои се држат во Појасот Газа, објави Ројтерс.
Во објавата на платформата Икс, Бен Гвир го повика десничарскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, да му се придружи во спротивставувањето на „страшниот договор што се подготвува“.
העסקה המתגבשת היא נוראית. אני מכיר היטב את פרטיה:
היא כוללת שחרור מאות מחבלים רוצחים מבתי הכלא, חזרת עזתים בהם אלפי מחבלים לצפון הרצועה, מסיגה את צה”ל מציר נצרים, ומחזירה את האיום על תושבי העוטף – ובכך למעשה מוחקת את הישגי המלחמה שהושגו בדם רב של לוחמינו, עד כה, ברצועת עזה.
לא… pic.twitter.com/8bwuxB8uuc— איתמר בן גביר (@itamarbengvir) January 14, 2025
„Нетанјаху требаше да биде јасно информиран дека ќе ја напуштиме владата ако договорот биде склучен“, рече Бен-Гвир.
Бен-Гвир изрази критики за најавените планови за повлекување на израелските сили од Појасот Газа и за ослободување стотици Палестинци затвореници, кои ги држеше Израел, во замена за ослободување на 33 заложници во почетната фаза. Тој го нарече договорот од ваков вид „капитулација“.
Но, тој додаде дека во случај на негова оставка, нема да бара да падне владата. Израел во минатото имал малцински влади.
Владата на Нетанјаху има 68 места во 120-члениот израелски парламент, Кнесетот. Доколку си заминат групите, предводени од Бен-Гвир и од Смотрич, Нетанјаху веќе нема да има мнозинство.