ХОЛАНДСКА ДВОЈКА КУПИЛА ШПАНСКО СЕЛО Маике и Тибор ќе прават одржлива еко-заедница и си бараат соселани
Маике Геуртс и Тибор Штраус го купиле за помалку од 350 илјади евра напуштеното село Барцена де Буреба во северна Шпанија, составено од 62 трошни куќи, со цел да го трансформираат во еколошки одржлива заедница.
Маике Геуртс и Тибор Штраус, брачна двојка од Холандија, го купиле напуштеното село Барцена де Буреба, во провинцијата Бургос во северна Шпанија, со амбиција постепено да го трансформираат во самоодржлива еко-заедница. Во селото има 62 куќи, а целиот проект ги чинел 349.000 евра, пишува El Periódico de España.
Сепак, велат, имало еден значаен предизвик – сите куќи во селото биле во трошна состојба. Имено, ова заборавено селце во северна Шпанија, меѓу Мадрид и Билбао, е ненаселено од 1970-тите.
Живот офлајн
Сепак, ништо од горенаведеното не им пречело на Маике и Тибор.
„Тие не контактираа затоа што бараа вакво нешто големо, со многу куќи и земја, далеку од големите градови“, рекла Елвира Фафиан, шеф на Aldeas Abandonadas Real, агенција за недвижности специјализирана за продажба на напуштени села.
Откако се преселиле во ова напуштено село со нивните две мали ќерки, Трис и Рива, на девет и седум години, тие почнале со обновување.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.