📷 ЕКИПИТЕ РАБОТАТ ВО ТРИ СМЕНИ Редовно се чисти снегот на булеварите и на пешачките патеки

165

И во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ во три смени реализираа активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, како и во пешачките зони во централното градско подрачје.

„Во скопската општина Чаир беа спроведени и вонредни активности за отстранување неколку диви депонии лоцирани на улиците Џон Кенеди – до ООУ ‘Васил Главинов’, Славеј Планина – во непосредна близина на скопското Теќе и булеварот Крсте Мисирков – зад т.ц. Мавровка. Во рамките на овие активности беа подигнати и транспортирани вкупно 50 кубни метри непрописно одложен отпад“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини