ЌЕ БИДЕ СТУДЕНО, ЌЕ ПРОВЕЈУВА СНЕГ Температурата ќе се спушти до -8

318

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со провејување на снег претежно во јужните и во  југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 степени.






Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 3 степени.

Во деновите потоа ќе преовладува стабилно и понатаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително ќе опаднат и наместа ќе се спуштат под -10 степени. Од средината на неделата ќе има услови за појава на утринска магла.

Поврзани содржини