ГРУБИ НЕ ИГРАЛ САМО ФУДБАЛ ВО ДРЖАВНИ ПРОСТОРИИ, ЈАДЕЛ И ЌЕБАПИ НА ДРЖАВНА СМЕТКА Во две скопски ќебапчилници Министерството со кое раководеше платило 20.000 евра

Актуелниот министер Иван Стоиљковиќ открива дека високи сметки се плаќало и во кафулиња и кафеани.

1,633

Околу 20.000 евра се потрошени во две ќебапчилници за нарачки на јадење во времето додека со Министерството за односи меѓу заедниците раководел Артан Груби, откри  актуелниот  министер Иван Стоилковиќ, објави ТВ Телма.

– Има фрапантни сметки од 20.000 евра за две ќебапчилници и неверојатни, секојдневни и огромни сметки за кафани и кафулиња- вели Стоилковиќ.






Според јавно достапните податоци за набавки во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците  во 2023 година на тендер за угостителски услуги биле избрани две компании.

– Вкупната зделка е 1 180 000 денари што е приближно на спомнатите 20 илјади евра. Поголем дел од таа зделка добила фирмата „Пчела Ш.Е.Љ.“ која раководи со истоимена ќепабчилница и барбекју бар во Старата скопска Чаршија. Од предвидените пари (944 илјади денари) „Пчела“ испорачала храна во вредност од 532 037 денари. Втората фирма која била избрана на тендерот е „Далма кетеринг“, но таа не реализирала ниту еден денар од предвидените 220.000 денари.

Тендерот бил заклучен како реализиран и пријавен во Бирото за јавни набавки на 18 април оваа година. Тоа е само на 6 дена пред првиот изборен круг. Тендерот бил склучен на 15 март 2023 година и требало да заврши најдоцна на 15 март оваа година, но всушност е пријавен како реализиран, еден месец подоцна. Во тоа време, на три дена пред избори, на 21.04.2024 година  на иста сума (1.180.000 денари) е склучен нов договор меѓу Министерството и „Пчела“.

На 14 јуни 2024, Министерството платило две сметки на „Пчела Ш.Е.Љ.“ во вредност од 41.660 денари и од
16.852 денари. Овие 58. 512 денари (околу 900 евра) биле за 150 порции телешки ќебапи.

Стоилковиќ изјави дека во моментот се прави ревизија на трошоците по што извештајот ќе се разгледа на затворена владина седница.

– Сметките за ќебапи и кафани се само врвот на ледениот брег – изјави тој, додавајќи дека извештајот ќе биде разгледан на затворена седница.

Поврзани содржини