„ВМРО-ДПМНЕ ТРЕБА ДА ГИ ЗАСУКА РАКАВИТЕ“ Партијата СДСМ предложи нови мерки против загадувањето

Потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, потенцира дека денеска нејзината партија предлага нов сет на мерки, фокусирани на ингеренциите на локалните власти.

212

„Борбата против загадувањето мора да стане приоритет на власта којашто целосно го игнорира и не презема никакви мерки. Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик а ВМРО-ДПМНЕ да спие како власт, централна и локална“.

Ова го изјави потпреседателката на СДСМ, Каја Шукова, на прес-конференција.






– Како опозиција ветуваа 1 милијарда евра инвестиции и намалување на загадувањето за 50%. Нема ништо од тоа. Од кредитот од Унгарија, вреден 250 милиони евра, власта не намени ниту едно евро за да го намали загадувањето на воздухот. И ова е уште една потврда дека власта нема намера ништо да преземе. Дополнително, власта ги намали парите во буџетот за борба против загадениот воздух и има предвидено 0 денари за програмите кои функционираа со години – обвинува Шукова.

Исто е и со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, потенцира таа, кои за 3 години не презедоа ништо и понатаму не преземаат ништо, а локалната власт има широки ингеренции.

– За споредба, Владата на СДСМ и локалната власт, предводена од СДСМ, преземаа низа на мерки во борба против загадувањето на воздухот и тие мерки придонесоа за намалување на концентрациите на штетните честички ПМ 2,5 и ПМ 10 во воздухот, на годишно ниво. Успешно се спроведоа серија на мерки, стратешки инвестиции во производство на обновливи извори на енергија, проекти за гасификацијата, проекти за еколошки јавен транспорт, конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки, училишта, мониторинг системи и така натаму – потенцира потпретседателката на СДСМ.

Во таа смисла, порачува таа, ВМРО-ДПМНЕ нека засука ракави и да не продава демагогии, туку да почне со реализација на краткорочни и среднорочни мерки кои ќе влијаат на намалување на загадувањето.

– Како одговорна партија, денеска СДСМ предлага нов сет на мерки, фокусирани на ингеренциите на локалните власти, општините. Дел од овие мерки успешно се реализираат во општините, кои ги водат градоначалници од СДСМ, и сите се применливи – потенцира Шукова.

Ова се мерките кои ги предложува партијата СДСМ:

  • Општините да донесат Програми за субвенција за набавка на еколошки системи за затоплување во јавните објекти, субвенции за набавка на велосипеди, субвенции за чистење на оџаците, за набавка на топлински пумпи, сончеви колектори, инвертер клима уреди и други чисти технологии;
  • Да набават и да постават прочистувачи на воздух во сите градинки и општински училишта;
  • Да инвестираат во филтри на прозорците на училиштата и на градинките, кои се непропустливи за штетните честички ПМ 10 и ПМ 2,5;
  • Општините да им помогнат на социјално загрозените семејства при набавка на енергенс за затоплување – посебна Програма за субвенционирање;
  • Да се спроведе план за интензивно зазеленување на јавните површини (по примерот на локалната власт во Скопје кога беа обезбедни нови 300.000 метри квадратни нови зелени површини во Град Скопје);
  • Во Скопје конкретно, да се набават нови еколошки автобуси за Град Скопје, 25 пати не е донесена Одлуката за набавка на нови еко-автобуси за Град Скопје на Совет зашто советниците на ДПМНЕ гласаат против;
  • Да се вршат редовни контроли на инсталациите со Б интегрирана дозвола и контроли на градилиштата, дали изведувачите спроведуваат мерки за миење на тркалата;
  • Интензивно миење на улиците, редовно собирање на отпадот и чистење на дивите депонии од страна на јавните комунални претпријатија;
  • Да се започне постапката за носење Закон за комунална полиција, а не истиот да се користи како популизам;
  • Локалните власти на граѓаните да набавуваат еколошко, таканаречено суво дрво за огрев.
    Почитувани,

– Борбата против загадениот воздух е долг процес кој бара континуирана посветеност, стратешки и конкретни мерки од власта и од институциите за намалување на загадувањето. Локалната и централната власт на ВМРО-ДПМНЕ нека ги прифати предлог мерките на СДСМ и нека ги реализира во целост.

Поврзани содржини