ПАНАМА ГО КОНТРОЛИРА КАНАЛОТ, ТАКА БИЛО, ТАКА И ЌЕ ОСТАНЕ Шефот на панамската дипломатија му се спротивстави на Трамп

Нагласувајќи ја важноста на каналот во историјата на Панама, шефот на панамската дипломатија, Хавиер Мартинес-Ача, посочи дека станува збор за „неповратно освојување“ и нагласи дека Панамскиот канал е исклучиво под контрола на Панама.

642

Шефот на панамската дипломатија, Хавиер Мартинес-Ача, остро одговори на изјавите на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, за контролата врз Панамскиот канал, нагласувајќи дека „суверенитет над каналот не е прашање на преговори“.

Нагласувајќи ја важноста на каналот во историјата на Панама, тој посочи дека станува збор за „неповратно освојување“ и нагласи дека Панамскиот канал е исклучиво под контрола на Панама, објави Њујорк тајмс.






– Така и ќе остане – рече тој.

Панамскиот министер за надворешни работи истакна дека примарна мисија на каналот е да ѝ служи на глобалната трговија додавајќи и дека владата на претседателот Хозе Раул Мулин немала формални или неформални контакти со Трамп или со други претставници на претстојната американска администрација.

Мартинез-Ача истакна дека комуникациите меѓу САД и Панама ќе се спроведуваат преку стандардни официјални канали откако Трамп ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.

Тој повтори дека Панама останува отворена за дијалог, инвестиции и за позитивни односи, но дека националните интереси на земјата секогаш се на прво место.

🎥 ТРАМП СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГИ ОКУПИРА ГРЕНЛАНД И ПАНАМА? Идниот претседател на САД не ја исклучува можноста да испрати војска

Поврзани содржини