ТРУДО НЕ МУ ЈА ДАВА КАНАДА НА ТРАМП Канадскиот премиер е задоволен од досегашната соработка на двете земји

Работниците и заедниците во двете наши земји имаат придобивки од тоа што сме најголеми трговски и безбедносни партнери едни на други, порача канадскиот премиер Џастин Трудо.

1,058

„Нема никакви шанси Канада да стане дел од Соединетите Американски Држави“.

Ова вечерва на Фејсбук го напиша канадскиот премиер Џастин Трудо откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп неколкупати изјави дека Канада би можела да биде дел од САД.






„Работниците и заедниците во двете наши земји имаат придобивки од тоа што сме најголеми трговски и безбедносни партнери едни на други“, напиша Трудо.

Претходно поддршка пристигна од актуелниот американски претседател Џо Бајден кој му се заблагодари на Трудо поради тоа што во последната деценија ја водел Канада со посветеност, оптимизам и со стратешка визија.

Инаку, Трамп и денеска повтори дека многу луѓе во Канада би сакале нивната држава да биде 51 држава во САД.

„Соединетите Американски Држави повеќе не можат да ги трпат големите трговски дефицити и субвенции кои на Канада ѝ се потребни за да опстане. Џастин Трудо го знаеше тоа и поднесе оставка. Кога Канада би се споила со САД, би немало царини, даноците би биле значително пониски, и би биле целосно безбедни од опасноста од руските и кинеските бродови кои постојано кружат. Заедно, колку голема нација би било тоа“, порача Трамп.

„УХ, КАКВА ГОЛЕМА НАЦИЈА БИ БИЛА ТАА“ Трамп не се откажува од спојување на Канада и САД

Поврзани содржини