(ГАЛЕРИЈА) МИЦКОСКИ И ЃОРЃИЕВСКИ БЕА ПОМАГАТЕЛИ НА БАДНИКОВИТЕ ПОВОРКИ Детската радост и божикните ѕвезди го исполнија плоштадот Македонија

Дефинитивно ова се најрадосните денови кога сите сме сплотени како народ и меѓу нас има добра мисла и подадена рака. Посакувам да трае во текот на целата година! Дечиња, ви благодарам за прекрасниот ден! Благодарам на сите кои придонесовте ова да изгледа толку прекрасно!, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски велејќи дека е горд што Македонија почива на вистински вредности и дека опстојува почитувајќи ги верата и традицијата.

998

Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски беа меѓу помагателите на бандиковите поворки кои завршија на скопскиот плоштад. Ѓорѓиевски на Фејсбук напиша:

„Ова е најголемата радост за нас, православните Христијани! Малите златни ангелчиња од цело Скопје во огромен број пеејќи ја ,,Вечниот Бог” го најавија раѓањето на нашиот Бог Исус Христос а ние, како домаќини и како што доликува на нашата вековна традиција – ги дарувавме со коледарски пакетчиња. Она што ме прави исклучително горд е што Македонија е повторно горда и повторно живее во духот на вистинските вредности, одбележувајќи го највеличествениот Бадник во регионот“.






Во својата порака Ѓорѓиевски вели дека Македонија почива на тие вредности и дека опстојува почитувајќи ги верата и традицијата.

„Затоа ние ја продолжуваме! Дефинитивно ова се најрадосните денови кога сите сме сплотени како народ и меѓу нас има добра мисла и подадена рака. Посакувам да трае во текот на целата година! Дечиња, ви благодарам за прекрасниот ден! Благодарам на сите кои придонесовте ова да изгледа толку прекрасно!“

Ви благодарам што ја чувате традицијата и благодарам на вашите родители што ве водат по патот на вистинските вредности! Нека е за многу години овој голем празник, да си дочекаме уште многу вакви убави моменти. Бог нека дарува здравје и љубов на сите!

Честит Бадник“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

Честитка за празникот упати и претседателката Гордана Сиљановска Давкова која можеше да биде видена на поворките.

„Божиќ беше, е и останува за навек возвишен и светол христијански празник, симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста. Христовото раѓање нè учи и инспирира како да сакаме, да шириме мир и хармонија, да им помагаме на беспомошните, безрезервно да даваме поткрепа и нудиме утеха. Божиќ ја симболизира животворноста на верата и надежта, како суштински за човековата природа“, се вели во честитката.

Честитки за Бадник, предвестието на големиот христијански празник Божик упатија и други политичари и челници.

 

Поврзани содржини