„ЕВРОПА ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ СИРИЈА, НО НЕ И ИСЛАМСКИ СТРУКТУРИ“ Бербок му упати јасна порака на лидерот Ал Шара

Германската министерка додаде дека европската поддршка ќе продолжи само ако во политичкиот дијалог бидат вклучени сите сириски етнички и верски групи, вклучувајќи ги Курдите и жените.

719

Европа нема да финансира создавање на нови исламски структури во Сирија, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по средбата со лидерот Ахмед Ал Шара во Дамаск.

– Европа ќе ја поддржи Сирија, но нема да биде спонзор на нови исламски структури – потенцираше Бербок.






Таа додаде дека европската поддршка ќе продолжи само ако во политичкиот дијалог бидат вклучени сите сириски етнички и верски групи, вклучувајќи ги Курдите и жените.

Министерката изјави дека укинувањето на санкциите кон Сирија ќе зависи од понатамошниот политички процес.

Поврзани содржини