🎥 СЕВЕРИНА „ЈА ОБЕДИНИ“ ЈУГОСЛАВИЈА Пејачката за Нова година пееше во Сараево пред 55.000 луѓе
Повеќе од 55.000 луѓе од сите делови на Босна и Херцеговина и регионот на 31 декември ја исполнија Титовата улица во Сараево за да го прослават доаѓањето на Новата Година со Северина.
Повеќе од 55.000 луѓе од сите делови на Босна и Херцеговина и регионот на 31 декември ја исполнија Титовата улица во Сараево за да го прослават доаѓањето на Новата Година со Северина.
Северина излезе на сцената половина час пред полноќ. За време на настапот ја исполни една од најпрометните сараевски улици. Според податоците на МУП на Кантонот Сараево, на концертот присуствувале повеќе од 55.000 луѓе.
View this post on Instagram
Репертоарот вклучуваше околу триесетина од најголемите хитови од нејзината кариера, но и неколку песни кои и се посебно драги. Една од нив беше „Сараево, љубави моја“ на Кемал Монтено, со која ја воведе публиката во Новата 2025 година. Пред полноќ, на сцената ѝ се придружи и градоначалникот на Сараево, Предраг Пухариќ.
„Синоќа имаше луѓе од Хрватска, мојот Сплит и Истра, Италија, Унгарија, Словенија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, но и студенти од Србија, од Белград, кои не се откажуваат во борбата, на кои им се восхитуваме, а кои се во овој момент – светилникот на сите нас. Кои се похрабри од нас и кои во моментов не учат на демократија, чест, храброст, затоа што сакаат да живеат во праведна земја и, што би рекол Ѓорѓе Балашевиќ, „децата инсистираат да ги одвикнат татковците од лаги“. И само кога ве гледам, чувството е прекрасно…“, истакнала Северина.
@avaz.tv Doček Nove godine u Sarajevu: Severina počela nastup pjesmom “Brad Pitt”, dobila velike ovacije #severina #sarajevo #fyp #viral ♬ original sound – Dnevni avaz
Тековниот настап беше повод за порака дека сака оваа година да не страда ниту едно дете. Исто така, таа им даде поддршка на студентите од Белград, кои пристигнаа во Сараево.
Инаку, освен Северина, на дочекот на Новата година во Сараево настапи и Ади Шоше. Во првите денови на 2025 година, во Сараево настапуваат и Нина Бадриќ, Бајагa и „Прљаво казалиште“.