ГРЕНЛАНД НЕ Е И НЕМА ДА БИДЕ НА ПРОДАЖБА Данскиот премиер му одговори на Трамп

Гренланд со својата воздухопловна база Питуфик е од стратешко значење за американската војска, бидејќи преку островот минува најкратката рута од Европа до Северна Америка.

553

Премиерот на Гренланд, Муте Егеде, одговори на коментарите на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој изјави дека сака островот да биде под контрола на Вашингтон. Егеде уверува дека Гренланд не може да се освои.

„Гренланд е наш, не сме на продажба и никогаш нема да бидеме на продажба. Не смееме да ја загубиме долгогодишната борба за слобода“, напиша данскиот премиер на социјалните мрежи.






Гренланд со својата воздухопловна база Питуфик е од стратешко значење за американската војска, бидејќи преку островот минува најкратката рута од Европа до Северна Америка.

За време на неговото претходно претседателствување, Трамп изрази интерес за купување на Гренланд во 2019 година, но Данска, како и властите на островот, брзо го отфрлија предлогот.

Данската премиерка Мете Фредериксен тогаш предлогот на Трамп го нарече апсурден. Министерството за надворешни работи на Гренланд соопшти дека островот не е на продажба.

Од 2009 година Гренланд има право да прогласи независност од Данска. Островот со околу 56.000 жители, кој секоја година се потпира на значителни буџетски трансфери од Копенхаген, досега се воздржуваше од тоа.

Поврзани содржини