📽 СОБРАЛ МОМЧЕ НА ХАУБАТА, УДРИЛ И ВО НАСТАВНИЧКА Таксист во Шабац со автомобил влетал во студенти кои блокирале раскрсница

Некои од присутните на настанот почнале да му го удираат автомобилот на таксистот, а тој останал внатре.

311

За време на акцијата „Стоп, Србија“, во Шабац, дошло до инцидент кога таксист се залетал во студентите кои блокирале раскрсница за време на оддавањето почит на лицата кои загинаа при падот на натстрешницата во Нови Сад, објави српски Данас.

– Таксистот собра момче на хаубата, закачи и наставничка, по што некако се качи на тротоарот и го искрши автомобилот. Некои од присутните почнаа да му го удираат автомобилот, а тој остана внатре. Сите се добро. Дојдоа полицајците – изјавил матурант од Шабац.






Студентите и матурантите денеска во 11.52 часот ја спроведоа акцијата „Стоп, Србија“, блокирајќи ги раскрсниците 15 минути во знак на оддавање почит на 15-те лица кои загинаа при падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by N1 Srbija (@n1srbija_)

Поврзани содржини