📽️ ВЛЕТАЛ ВО СТОКОВНА КУЌА ВО ТЕКСАС И ПРОДОЛЖИЛ ДА ВОЗИ Криминалец повредил петмина пред да биде застрелан
Инцидентот започнал со телефонски повици за возач кој чудно се однесувал во црн пикап во Белтон, на околу 32 километри подалеку. Возачот влегол на паркингот во трговскиот центар, влетал во стоковната куќа и продолжил да вози.
Возач кој бегаше од полицијата вчера влетал со својот пикап во прометната продавница „Џеј Си Пени“ (JCPenney) во американската сојузна држава Тексас, при што повреди пет лица пред да биде смртно застрелан од органите на редот, соопштија властите.
– Четворица од повредените во трговскиот центар биле пренесени во болници, а петтиот сам си заминал – изјави наредникот Брајан Вашко од Одделот за јавна безбедност во Тексас на вечерниот брифинг со медиумите.
Повредените биле на возраст од шест до 75 години, а засега не се знае каква е нивната состојба.
🚨KILLEEN TEXAS MALL WAS CRASHED INTO BY DUI SUSPECT DURING POLICE CHASE. 5 INJURED AND SUSPECT WAS SHOT AND KILLED BY POLICE. JC PENNEY TOOK THE HIT pic.twitter.com/dMbdsAmP8U
— Chaos Alerts (@ChaosAlertsOnX) December 22, 2024
Инцидентот започнал со телефонски повици за возач кој чудно се однесувал во црн пикап во Белтон, на околу 32 километри подалеку. Возачот влегол на паркингот во трговскиот центар, влетал во стоковната куќа и продолжил да вози.
Локалните органи за спроведување на законот во трговскиот центар, еден чувар на смена и двајца други кои не биле на должност, биле вклучени во престрелка со осомничениот.
Засега нема информации за идентитетот на осомничениот.