ЧУДЕН Е ТОЈ ФРОЈД! Но, што правиме ако Груби се врати во земјава?

Чуден е тој Фројд. Чуден е, тоа кога потсвеста ти работи затоа што тоа си го правел и сега мислиш дека сите тоа го прават, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

772

Мицкоски за обвинувањата на СДСМ за бегството на Груби: Човек да не знае што да им одговори, мислат дека сите го прават тоа што тие го правеа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од СДСМ дека има политички договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за Артан Груби да избега преку Блаце, одговори:






– Еве, ако се врати, ќе ни се извинат? Па досега што не измислија. Прво викаа ај едните отидоа, другите дојдоа, ај ништо не прават. После, мали риби ловат. Па сега дека имаме договор со ДУИ. Да не знае човек што да им одговори. Еве што ако дојде? Еве, не мора денеска да дојде, ќе дојде да речеме за некое време. Чуден е тој Фројд. Чуден е, тоа кога потсвеста ти работи затоа што тоа си го правел и сега мислиш дека сите тоа го прават. Мојата порака до нив е, нека се концентрираат, нека си ги коригираат пораките во јавноста, затоа што и самите се збунети. Една личност различни пораки дава, на различни места. Тие останаа последниот, за жал, столб на одбрана на интересите на таквите како овие што ги споменавте, зборувам од СДСМ.

Инаку, СДСМ бара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за пуштањето на Артан Груби.

Поврзани содржини