📷 БЕШЕ ТРЕТА ТЕНИСЕРКА ВО СВЕТОТ, А СЕГА Е НА ФРОНТОТ Носи униформа и пука од автоматска пушка

Секогаш кога ѝ дозволуваат обврските, Свитолина оди во својата татковина ѝ се бори против руската агресија.

1,125

Украинката Елина Свитолина е една од најголемите тениски ѕвезди на денешницата, а паузата меѓу две сезони реши да ја помине во ров во близина на Харков.

Секогаш кога ѝ дозволуваат обврските, таа оди во својата татковина ѝ се бори против руската агресија.






Овој пат таа реши да сподели фотографии од нејзината последна посета.

„Харков има посебно место во моето срце. Град кој ми даде чувство на вистински дом кога ја започнав мојата професионална кариера овде на 12 години. Град кој продолжува да дава топлина и заштита за време на големата војна. Ако ме прашувате, каде ја наоѓам мотивацијата да се борам на спортските терени? Ова е мојата земја, мојот народ, мојот Харков и нашите херои“, напиша Свитолина во емотивната објава на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elina Monfils (@elisvitolina)

Таа на Вимблдон зборуваше и за страшната ситуација во Украина.

Таа сподели неколку фотографии на кои може да се види како вежба пукање со автоматска пушка и базука.

Најдобриот пласман во кариерата Свитолина го имаше во 2017 година, кога беше трета на планетата. Таа освои 17 титули и три пати стигна до полуфиналето на Грен слем турнирите (двапати на Вимблдон).

Поврзани содржини