ПО СКАНДАЛОТ, ЦРНА ГОРА ИЗБИРА НОВ ПРЕТСТАВНИК ЗА ЕВРОСОНГ „НеоноеН“ се повлече од Евровизија
Седум дена по фестивалот и бројните полемики во јавноста за легитимноста на учеството на групата „НеоноеН“ на Евровизија во Базел, Швајцарија, следната година, бендот ја објави својата одлука.
Седум дена по фестивалот и бројните полемики во јавноста за легитимноста на учеството на групата „НеоноеН“ на Евровизија во Базел, Швајцарија, следната година, бендот ја објави својата одлука.
Во соопштението на „НеоноеН“ се наведува дека РТЦГ согласно прописите ќе избере друг претставник.
„Во најдобар јавен интерес, со желба да ставиме крај на неизвесноста и уште еднаш да придонесеме за музиката за која сме тука на прво место, ве известуваме дека доброволно се повлекуваме од учеството на Евровизија. Според прописите, РТЦГ ќе избере друг претставник, а ние први ќе му посакаме среќа и ќе му дадеме целосна поддршка“, напишаа тие на својот профил.
View this post on Instagram
Од РТЦГ наведуваат дека Црногорскиот јавен сервис во наредните денови ќе донесе одлука за новиот претставник на Црна Гора на претстојниот Избор за песна на Евровизија.
Изјавата на бендот дојде откако РТЦГ и Здружението на поп-уметници и изведувачи на Црна Гора, кои заеднички го организираа Монтесонг 2024, ја потврдија автентичноста на видеото што неодамна се појави на платформата Икс, а на кое бендот „НеоноеН“, ја изведува првопласираната песна „Clickbait“ во поинаква верзија на минатогодишниот фестивал на културата Забјело во Подгорица.
Натпреварот „Монтесонг“ е отворен само за нови композиции на забавна и популарна музика кои не биле објавени и изведени во целина или во делови пред 1 септември 2024 година.