УКРАИНА ЌЕ ПОВЛЕЧЕ ПОВЕЌЕ ОД 100.000 МИНОФРЛАЧКИ ПРОЕКТИЛИ Квалитетот на гранатите бил лош

Украинското Министерство за одбрана иницира истрага откако изминатите три недели само една од 10 минофрлачки мини со калибар 120 милиметри, произведени во Украина, била исправна.

410

Министерството за одбрана на Украина повлече одредена серија мини со калибар 120 милиметри од употреба и најави дека во иднина ќе мора да се потпира на увезената муниција.

Украинското Министерство за одбрана иницира истрага откако изминатите три недели само една од 10 минофрлачки мини со калибар 120 милиметри, произведени во Украина, била исправна.






Прелиминарната истрага покажа дека најверојатни причини за тоа се лошиот квалитет на барутното полнење или непочитувањето на правилата за складирање муниција.

Поради тоа Украина најверојатно ќе мора да повлече над 100.000 мини од домашно производство.

Државното обвинителство на Украина иницира кривични постапки и најави санкции за одговорните лица. Обвинителството најави и построги контроли на производството и на условите за складирање на муницијата.

Поврзани содржини