СУДСКИОТ СОВЕТ ЌЕ ИЗБИРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ На итна седница ќе се одлучи кој ќе ја наследи Дамева

Претпладнево досегашната претседателка на Судскиот совет Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

439

Судскиот совет денеска попладне на итна седница ќе избира нов претседател, откако претпладнево досегашната претседателка Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка од функцијата.






Прва точка на седницата е констатирање престанок на функцијата претседател на Судскиот совет, поради неотповиклива оставка, по што ќе следи избор на претседател.

Членови на Судскиот совет се судиите Џенета Бектовиќ, Исамедин Лимани, Александар Камбовски, Ивица Николовски, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Лорета Горгиева и Антоанета Димовска и истакнатите правници Весна Дамева, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска,  Миљазим Мустафа и Селим Адеми.

Поврзани содржини