НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ ДА ЗБОРУВА ВАКА ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ? Мицкоски зачуден од изјавите на лидерот на опозицијата

Компаниите ќе можат да аплицираат за кредит до 10 милиони евра за инвестиции, минималното учество на инвеститорот е 20 проценти, од самиот проект, каматата ќе биде 1,95 проценти со три години грејс период и максимум 15 години на отплата во зависност од барањата на кредитобарателот.

2,413

Речиси сити банки прифатиле да ги пуштат во оптек парите од унгарскиот заем со кои треба да се кредитираат македонските компании, информираше денеска од Охрид, премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека кредитите за компаниите ќе бидат до десет милиони евра и тоа за инвестиции.

Минималното учество на инвеститорот е 20 проценти од проект.






– Каматата ќе биде 1,95 проценти која што ќе ја добијат компаниите, нешто што претставува најниско во регионот и во Европа, до три години грејс период, до 15 години рок на отплата во зависност од барањата на кредитобарателот, има компании коишто сакаат помали рокови. Затоа го ставивме тоа да биде и флексибилно. Така што, сите оние коишто ќе инвестираат во основни средства за работа, во производни системи од обновлива енергија ќе бидат дел од овој проект – изјави Мицкоски.

Прашан како ги коментира изјавите на претседателот на СДСМ Венко Филипче за кредитите за стопанството, Мицкоски со одговор дека понекогаш се чуди на изјавите од опозицијата.

– Имам чувство како некој намерно да го мести. Тешко на новоизбраниот претседател на СДСМ, бидејќи од сите комори, од стопанствениците, од компаниите стасуваат навистина позитивни вести, воодушевување и благодарности, само од него успеавме да слушнеме критика. Немам што да коментирам – вели Мицкоски.

Тој упати и совет до опозицискиот лидер Филипче што побргу да расчисти во неговите советнички тимови и како што рече „дотолку подобро ќе биде и за државата, бидејќи ќе имаме навистина конструктивна опозиција“.

– Затоа што ваков тип на пораки, сега ние мораме да ги коментираме, бидејќи станува збор сепак за најголема опозициска партија, но навистина се чудам. Во најмала смисла се чудам – изјави Мицкоски.

Прашан за коментар на средбата меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и лидерот на СДСМ, Мицкоски вели дека ова треба да биде пракса, бидејќи и тој кога бил избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ побарал средба со тогашниот претседателот Ѓорѓе Иванов и со премиерот Зоран Заев.

– Јас жалам што изминатите пет месеци новоизбраниот претседател на СДСМ не побара средба со лидерството на државата. Но, добро го оценувам и позитивно го оценувам чекорот да побара средба со претседателот на државата, професорката Гордана Сиљановска-Давкова. Така што, ова треба да биде една пракса во иднина – рече Мицкоски.

Поврзани содржини