СТЕ ТРОШЕЛЕ ЛИ ПАРИ ЗА ЗАКОПУВАЊЕ, НАМЕСТО ЗА ОТКОПУВАЊЕ ЈАГЛЕН? Пренџов бара одговори од СДСМ

Подобро е СДСМ да се произнесе за последните индиции во РЕК Битола, дека додека беа на власт инвестирале сериозни пари, не за откопување на ресурси за производство на електрична енергија, туку за закопување на ресурси на електрична енергија, кои не можат да се пронајдат, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.

1,599

Господине Битиќи го гледам амандманот пред мене, за изработка на студија за воведување на водород во производството, да се модернизира РЕК, да нема јаглероден диоксид – тоа е  сè вака убаво кога би дошло од некој човек којшто навистина го мисли тоа. Ама господине Битиќи, не сакам да ме сфатите погрешно, кога доаѓа од поранешен, довчерашен, до пред неколку месеци втор човек во државата за координација на економските ресори, а енергетиката и тоа како е многу важен и значаен економкси ресор, според мене е невкусно, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов говорејќи по поднесените амандмани на буџетот за 2025 година на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет.

Според Пренџов, пред да се разговара на овие теми е подобро СДСМ да се произнесе за последните индиции во РЕК Битола, дека додека беа на власт инвестирале сериозни пари, не за откопување на ресурси за производство на електрична енергија, туку за закопување на ресурси на електрична енергија, кои не можат да се пронајдат.






„Холдингот ДУИ-инг бизнис и СДСМ сте се договориле едните да раководат со РЕК Битола, со Електрани на Македонија, а другите да раководат со набавка и трансфер на јаглен. И сега вие сте биле вицепремиер за координација на економските ресори во влада во која што договорот за тоа колку чини јагленот, колку чини транспортот, е државна тајна или деловна тајна. Договорот не беше класифициран и даночните обврзници на оваа држава не можеа да видат колку чини тој договор. А вие кои сега зборувате за водород и за 22 век сте биле подпретседател на таа влада – рече Пренџов.

 

Поврзани содржини