ПУДЛИЦАТА НА ВЕНКО, АПАСИЕВ, НАВРЕДУВА ПРАТЕНИЦИ И ПРАВИ ЦИРКУС Со нарачано насилство во Собранието изгубениот СДСМ се бори за внимание
Венко Филипче и СДСМ тотално се изгубија на политичката мапа по катастрофалниот пораз и последните анкети на кои рејтингот им е во слободен пад, па посегнаа по алтернативни методи во Собранието и на помош го повикаа и го активираа насилникот и пудлицата на Венко, Димитар Апасиев од Левица, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвини опозицискиот СДСМ дека во паника од нискиот рејтинг користи нарачано насилство во Собранието, во реакцијата во врска со вчерашниот инцидент на седницата за пратенички прашања од опозицијата, кога пратеникот од Левица, Димитар Апасиев предизвика инцидент.
„Венко Филипче и СДСМ тотално се изгубија на политичката мапа по катастрофалниот пораз и последните анкети на кои рејтингот им е во слободен пад, па посегнаа по алтернативни методи во Собранието и на помош го повикаа и го активираа насилникот и пудлицата на Венко, Димитар Апасиев од Левица. Филипче во паника и агонија користи нарачано насилство и провокации, како единствен начин да го сврти вниманието кон опозицијата во Собранието. Примитивни и недолични се обидите на СДСМ преку нивниот приврзок, Левица и насилникот Апасиев да прават драми во законодавниот дом каде наместо цивилизирана и аргументирана дебата, конструктивни и продуктивни решенија нудат дефокус, политиканство и циркус“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на вчерашниот ден, се додава во реакцијата, во видео снимка од неколку секунди јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДСМ и на Левица.
„На виделина излезе целиот примитивизам со кој се служи Филипче. За профилот на политичкиот циркузант и за акробациите на насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев кој во Собранието јавно навредуваше семејства и деца на пратеници, јавноста може самата да суди“, се вели во соопштението.
СДСМ и Левица се елементарна непогода на политичката сцена, додава ВМРО-ДПМНЕ.
„Во современа демократија за која се залага ВМРО-ДПМНЕ нема простор за девијантно однесување, циркузанти, политиканство и деструкција. Време е во политиката да има поинаков пристап. Време е за идеи, проекти и за работа во интерес на граѓаните во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ со жалење и разочарување гледа на вчерашниот инцидент во Собранието, осудувајќи ги намерите на поедини пратеници од опозицијата да предизвикаат инцидент“, соопшти владејачката партија.