ОВА Е ПРВ РЕАЛЕН БУЏЕТ Мизрахи вели дека за време на ковид-19 имало и пандемија на корупција

Кога зборуваме за буџет ќе зборуваме за прв реален буџет кој го имаме. Зошто? Заради тоа што зад ковид пандемијата почнала и друга пандемија, а тоа е коруптивна пандемија, рече пратеничката Рашела Мизрахи на денешната собраниска комисиска седница за финансирање и буџет.

578

„Мој впечаток е дека граѓаните многу малку знаат за ГДП проценти и компарации, меѓутоа многу добро разбираат што е несигурност, небезбедност, непредвидливост, мртов систем, лага или кражба“.

Вака го коментираше предлог-буџетот за 2025 година пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи на денешната собраниска комисиска седница за финансирање и буџет.






Таа продолжи и додаде:

– Кога зборуваме за буџет ќе зборуваме за прв реален буџет кој го имаме. Зошто? Заради тоа што зад ковид пандемијата почнала и друга пандемија, а тоа е коруптивна пандемија- вели Мизрахи.

Таа додаде:

– И Државниот завод за ревизија, но и неформалните средби со директорите од здравствениот систем укажуваат на ваквиот факт. Скриената пандемија граѓаните ја почувствуваа преку пандемијата ковид-19, недостатокот на маски, лекови и модуларните болници.

Мизрахи посочи дека корупцијата е дефинирана како злоупотреба на јавните средства за приватни цели.

– Корупцијата е дефинирана како злоупотреба на јавните ресурси за приватна корист која го задава најголемиот и најтешкиот удар на македонското здравство. Се проценува дека 6% од здравствените распределби се предмет на корупција и тоа е според Транспаренси интернешнал – рече Мизрахи.

Поврзани содржини