ПОЗНАТ ТВ ГОТВАЧ Е ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО БЕЛГРАД Зимин бил жесток противник на Путин

Сопственикот на станот не можел да дојде до Алексеј Зиман цели 7 дена, па отишол да види што се случува и на подот начекал грозоморна сцена.

628

Алексеј Зимин, 52-годишниот сопственик на познатиот ресторан „Зима“ во елитниот дел на Лондон во Сохо, е пронајден мртов во изнајмен стан во Белград. Сопственикот на станот го пронашол на подот со рана на главата, пишува српски Телеграф.

Зимин зад себе ги остави сопругата и 17-годишната ќерка.






Инаку, тој отворено се спротиставил на војната меѓу Русија и Украина, а во Русија не се вратил откако бил протеран поради критиките на Путин и поради инвазијата на Крим.

Според неофицијални информации, сопственикот на станот не можел да дојде до него цели 7 дена, па отишол да види што се случува и на подот начекал грозоморна сцена.

За случајот бил информиран обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Наредена е обдукција со токсикологија.

Поврзани содржини