ВОРЕН БАФЕТ НА 94 ГОДИНИ НАПРАВИ ПРЕСВРТ ВО ИНВЕСТИРАЊЕТО И ПРЕДИЗВИКА ХАОС Знае ли тој нешто што другите не го знаат?

Она што навистина би сакале е да купиме големи компании. Ако можеме да купиме компанија за 50 милијарди долари или 75 милијарди долари, 100 милијарди долари, би можеле да го направиме тоа, изјави Бафет на годишниот состанок на „Беркшир“ во 2023 година.

558

Ворен Бафет, човекот познат по изјавата дека негов омилен период е чувањето акции во сопственото портфолио „засекогаш“, одлучи да направи пресврт. Не само што ги продаде своите две најголеми акции во технолошкиот гигант Епл (вредни колку половина од неговите акции) и  во мултинационалната Банка на Америка, туку за прв пат по 6 години престана да купува акции во „Беркшир Хатавеј“, конгломератот со кој управува од 1969 година, а во кој сега има удел од околу 37%.

Инвеститорите кои внимателно го следат „Беркшир“ и се надеваат дека дел од неговиот успех ќе се прелее во нивните портфолија, внимателно следат што купува и продава и сега оправдано се прашуваат – дали привремено треба да престанат да инвестираат самите?






„Пророкот од Омаха“, како што популарно го нарекуваат Бафет,  долго време го фалеше Епл како „веројатно најдобриот бизнис во светот“, а понекогаш технолошката компанија беше во центарот на стратегијата на „Беркшир“. Акциите на Епл сочинуваа повеќе од 40% од неговото портфолио, па беше невообичаено кога  го намали својот удел во таа компанија.

Аналитичарите сугерираат дека ова може да биде сигнал дека Бафет предвидува проблеми во технолошкиот сектор или пошироки економски турбуленции кои би можеле да го забават растот на Apple. Некои дури веруваат дека се одлучил на овој потег бидејќи очекува рецесија која би можела да го намали купувањето на премиум производи како оние на Apple.

Друга, помалку екстремна можност е, поради своето големо искуство, 94-годишниот Бафет да ги препознае показателите дека растот на Епл ќе забави во наредниот период. Продажбата на iPhone забавува, растот на приходите исто така е во застој бидејќи глобалниот пазар на паметни телефони е презаситен, а се појаката конкуренција на странските пазари (особено во Кина) се дополнителни проблеми за Епл.

Дополнително, Бафет може да верува дека цената на акциите на Apple се зголемила на ниво каде што понатамошните добивки се ограничени.

„Без разлика дали се соочуваме со рецесија или едноставно побавен технолошки раст, најновиот потег на Бафет го нагласува внимателниот пристап на непредвидлив пазар“, пишува Барчарт.

Со оглед на тоа што американските трезори сега даваат повисок принос на акциите од очекуваното, може да изгледа дека со продажба на акции, тој сака да ја намали својата зависност од ризични инвестиции. Врз основа на неговите минатогодишни зборови, Wall Street Journal смета дека тоа не е така.

– Она што навистина би сакале е да купиме големи компании. Ако можеме да купиме компанија за 50 милијарди долари или 75 милијарди долари, 100 милијарди долари, би можеле да го направиме тоа – изјави Бафет на годишниот состанок на „Беркшир“ во 2023 година.

Со оглед на тоа што „Беркшир“ сега вреди трилион долари, би требало да биде многу вредна аквизиција за го заинтересира.

Волстрит журнал посочува дека индивидуалните, помали инвеститори имаат значително повеќе добри опции. 10-годишните проекции на Vanguard се движат од 7 до 9 % годишно за неразвиените акции на американскиот пазар и 5 до 7% за акциите со мала капитализација во САД.

Поврзани содржини