Хрватската пејачка Тереза Кесовија која пред речиси еден месец, на својот 86. роденден заврши во болница, вчера за првпат оттогаш се огласи на Инстаграм.
Изминатиот викенд легендарната дива со своја пријателка била во Загреб на ручек.
„Во недела попладне“, напиша таа на објавата.
„Колку ми е мило што повторно те видов со насмевка на лицето. „Драга Тереза, убаво е што повторно те гледам ведра и насмеана“; „Навистина те сакаме“, беа дел од коментарите на следбениците под објавата на оваа фотографија, кои не го кријат своето воодушевување како таа изгледа.