НАПАД СО СЕКИРА ВО ВОЗ ВО ПАРИЗ Еден останал без рака, а друг со расцепен череп

Неколку лица, некои од нив малолетни, биле вклучени во тепачка што избила утрината во понеделникот, а четворица се ранети, од кои двајца се со тешки повреди.

318

Четворица се ранети, од кои двајца се со тешки повреди, откако била употребена секира за време на тепачка во приградски воз надвор од Париз, изјавил извор од француската полиција, објави Гардијан.

На една од жртвите ѝ била отсечена раката, а на друга ѝ бил отворен черепот, додал изворот, барајќи да остане анонимен. Уште двајца се потешко повредени.






Неколку лица, некои од нив малолетни, биле вклучени во тепачката што избила утрината во понеделникот.

Инцидентот се случил додека приградскиот експресен воз РЕР бил на станицата Озоар-ла-Фериер, југоисточно од Париз.

Поврзани содржини