ВО БРИТАНИЈА ПРВ СЛУЧАЈ НА ВАРИЈАНТАТА НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ШТО ПОЛЕСНO СЕ ШИРИ Ризикот за населението е низок
Пациент од Велика Британија неодамна бил на одмор во Африка и почнал да се чувствува лошо 24 часа по враќањето. На 21 октомври му се појавиле симптоми слични на грип, а осипот се појавил три дена подоцна, јави денеска Би-Би-Си.
Во Велика Британија е откриен еден случај на мајмунски сипаници (мпокс) од сојот 1Б, кој полесно се шири меѓу луѓето, во споредба со оригиналниот вид, јави денеска Би-Би-Си.
Пациент од Велика Британија неодамна бил на одмор во Африка и почнал да се чувствува лошо 24 часа по враќањето. На 21 октомври му се појавиле симптоми слични на грип, а осипот се појавил три дена подоцна.
Пациентот се лекува во специјалистичка инфективна единица во Кралската болница во Лондон.
Случаи на 1Б мпокс се пријавени во ДР Конго, Кенија, Бурунди и Руанда. Се следи состојбата на лицата кои биле во контакт со заразените, а се претпоставува дека има помалку од 10 лица.
„Ова е првпат да го откриеме овој вид на мајмунски сипаници во Обединетото Кралство, иако други случаи се потврдени во странство. Ризикот за населението во Обединетото Кралство останува низок, а ние работиме брзо на следењето на блиските контакти, за да го намалиме ризикот од ширење“, рече професорката Сузан Хопкинс, главен медицински советник на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство.