📷 ВО ЏЕБОТ ИМАЛ ПАСОШ НА ПРИПАДНИК НА УНРВА Еве зошто Нетанјаху бара Агенцијата на ОН да се повлече од Либан
УНРВА се најде на удар на критики по извештаите дека најмалку десетина нејзини вработени помогнале да се изврши терористички напад врз Израел, но наставникот, кој побегна од Газа преку Рафа во април, се мисли дека живее во Египет.
Пасошот пронајден во џебот на убиениот лидер на Хамас, Јахја Синвар, му припаѓа на наставник на УНРВА (Агенција на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци) кој во последните неколку месеци престојувал во Египет.
Пасошот е на име Рафа Хани Зуроб.
Фотографии објавени на X од израелски дописник за КАН Њуз, го покажуваат пасошот за кој не е јасно дали е вистински или лажен документ.
עוד משהו שקרה היום: עובד אונר”א שדרכונו נמצא על סינוואר עדכן שהוא במצרים בכלל. גם מנכ”ל אונר”א אמר שהעובד יצא מעזה דרך רפיח למצרים כבר באפריל pic.twitter.com/LgXA31fbb0
— Nurit Yohanan (@nurityohanan) October 17, 2024
УНРВА се најде на удар на критики по извештаите дека најмалку десетина нејзини вработени помогнале да се изврши терористички напад врз Израел, но наставникот, кој побегна од Газа преку Рафа во април, се мисли дека живее во Египет.
Синвар го убија израелски војници во Газа, заедно со уште двајца терористи на Хамас кои патуваа со него, пишува Тајмс оф Израел.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху се залага за отстранување на мировниците на ОН додека Израел ги ескалира своите напади во јужен Либан. Тој пред една недела побара од шефот на ОН Антонио Гутереш да ги повлече мировниците на УНИФИЛ од „борбените зони“, велејќи дека нивното присуство е „човечки штит“ за Хезболах.
Експертите веруваат дека целта на израелскиот премиер е да се отстранат меѓународните набљудувачи кои би можеле да водат евиденција за израелските акции во Либан.
Околу 10.000 членови на привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) се присутни во област која опфаќа повеќе од 1.000 квадратни километри помеѓу де факто јужната граница на Либан и реката Литани.