СМРТТА НА ЛИАМ ПЕЈН СЕ ИСТРАЖУВА КАКО СОМНИТЕЛНА Сослушани се пет сведоци, од кои две жени кои биле во хотелот
Би-би-си доби извештај од државното правобранителство на Буенос Аирес во кој детално е опишано што досега дознале инспекторите за смртта на Лиам Пејн.
Би-би-си доби извештај од државното правобранителство на Буенос Аирес во кој детално е опишано што досега дознале инспекторите за смртта на Лиам Пејн.
Во извештајот се наведува дека смртта на пејачот се истражува како „сомнителна“ поради локалните протоколи, но доказите сугерираат дека тој бил сам во хотелската соба во моментот на инцидентот.
Инспекторите сè уште испрашуваат пет сведоци – тројца вработени во хотелот и две жени кои биле во собата на Лиам ноќта пред неговата смрт.
Се наведува дека во собата била пронајдена дрога и алкохол. Првата обдукција покажала дека Лиам се здобил со 25 повреди од падот од третиот кат на хотелот.
Ќе се прават и токсиколошки тестови. Се додава дека Лиам најверојатно паднал додека бил во полусвест или целосно онесвестен.
Да потсетиме, поранешниот пејач на групата „Уан дирекшн“, Лиам Пејн, почина на лице место по пад од тераса на хотел во Аргентина.
Пејачот паднал од третиот кат на хотелот „КасаСур Палермо“ во Буенос Аирес, Аргентина.
Американскиот портал ТМЗ истакна дека Лиам „се однесувал непресметливо“ непосредно пред својата смрт. Неговото однесување привлекувало внимание неколку минути пред трагичниот пад, кога тој си го скршил лаптопот во лобито на хотелот, после што го однеле во неговата соба.