ТЕШКО ДЕКА ЌЕ БИДЕ ПРИФАТЕНА ОДЛОЖЕНА ПРИМЕНА НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Рокас потсетува дека ЕУ веќе има став за Македонија

Ние имаме огромна почит за тоа како Владата сака да продолжи понатаму и решенијата кои сака да ги постигне, но процесот е сосема јасен, и тој може да биде веднаш и може да се одвива многу брзо, вели евроамбасадорот Рокас.

1,009

Свесни сме за предлогот на Владата за одложена примена на уставните измени, но сметам дека тешко дека ќе биде прифатен, бидејќи веќе има став на ЕУ од 27-те членки за ова прашање, изјави новиот евроамбасадор Михалис Рокас, во интервју за МИА.

– Дозволете ми да кажам дека, како што знаете, проширувањето е процес заснован на едногласност. Ние сме сите свесни за овој предлог на Владата. Мое скромно мислење е дека тешко дека ќе биде прифатен, како што објаснив претходно, има став на ЕУ од 27-те членки во овој поглед. Значи, се разбира, од суштинско значење е да се осигураме дека сме свесни за овој контекст. Одлуката за уставни измени е суверена одлука на Владата, и е многу важна. Ние имаме огромна почит за тоа како Владата сака да продолжи понатаму и решенијата кои сака да ги постигне, но процесот е сосема јасен, и тој може да биде веднаш и може да се одвива многу брзо. Она што можам да го повторам е целосната посветеност за пристапување кон ЕУ, што ја вклучува и Северна Македонија – вели Рокас.






Во врска со предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, да посредува во разговорите меѓу Скопје и Софија, евроамбасадорот Рокас вели дека не сака да коментира изјави и ставови на земји-членки.

Поврзани содржини