ПРЕД ФАКТИТЕ И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ Нема ништо незаконско во патувањето на синот на Мицкоски во САД
Впрочем, тоа нема да ги надокнади нервозите и стресовите кои забеганоста на СДСМ ги произведе врз дете кое е недолжно, само во обид за добивање ситни поени, за теми во недостаток на суштински теми, вели пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
На лагата ѝ се кратки нозете, а мегафоните на СДСМ конечно го добија заслужениот одговор во врска со лагите за патувањето на синот на Христијан Мицкоски, вели пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ од партиската говорница.
„Пред фактите и боговите молчат и на лагата и се кратки нозете, се две реченици кои поентираат во еден ваков случај. Но, не можеме да кажеме дека целосно нè радува што вистината, иако со задоцнување, сепак излезе на виделина. Впрочем, тоа нема да ги надокнади нервозите и стресовите кои забеганоста на СДСМ ги произведе врз дете кое е недолжно, само во обид за добивање ситни поени, за теми во недостаток на суштински теми.
Да им кажеме засрамете се и извинете се, знаеме дека нема да го сторат тоа затоа што тоа е тој ментален склоп на тие луѓе во врвот на таа партија. Ние ќе сме најсреќни ако СДСМ се реформира и ја промени матрицата на измамништво и лажење.
Но, народот гледа и сè му е јасно и оваа можеби мала, но значајна победа на вистината над нивните лаги, е доказ дека сепак Македонија може подобро од нив и дека чесноста и отчетноста на премиерот се добар пример како треба и мора да се однесува еден политичар. Како што за ова излезе вистината на виделина, така ќе излезе и за многу други работи.
Допрва доаѓа нивното соочување со вистината и соочување на народот со тоа кои луѓе владееле со оваа земја минатите седум години. Дури и 6% рејтинг им многу како се однесуваат и нивното вакво однесување кое е продолжение на нивното владеење од седум години, за жал, освен нивен проблем станува сериозен проблем за државата“, вели Лефков.