АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД ЌЕ НÈ ЧИНИ 200 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД ДОГОВОРЕНОТО Зошто СДСМ и ДУИ ја зголемиле цената без образложение?
Автопатот Кичево-Охрид, иако проектиран колку ќе чини, наеднаш станал поскап за 200 милиони евра и тоа без никакви детали, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Претходната власта на СДСМ и ДУИ без образложение ја зголемила цената на автопатот Кичево – Охрид за 200 милиони евра, а ова го потврдува Извештај на Државниот завод за ревизија, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДСМ.
Руинирани институции кои тонат поради корупција и криминал е состојбата која ја остави владата на СДСМ и ДУИ.
Дека единствен приоритет на претходната владата на СДСМ и ДУИ ѝ биле сомнителни тендери, се гледа и од тендерот за автопатот Кичево-Охрид.
Фактите говорат дека на ДУИ и СДСМ приоритет им било местење на тендери, а не капитални инвестиции и изградба на инфраструктура.
Ова го потврдува Извештајот на Државниот завод за ревизија. Автопатот Кичево-Охрид, иако проектиран колку ќе чини, наеднаш станал поскап за 200 милиони евра и тоа без никакви детали.
Или кога станува збор местење тендери, ова е случај во најголем број од нив.
Одлика на тендерите на Владата на СДСМ и ДУИ е одложена изведба и зголемени трошоци, со што се оптеретувал државниот буџет.
Оваа Македонија ќе ја смениме!
Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.