ЗАВРШЕТЕ ГИ СИТЕ ПОПРАВКИ НА ПАРНОТО НА ВРЕМЕ! Од ЕСМ бараат да се овозможи пристап до потстаниците

181

ЕСМ ги повикува корисниците на парно греење да ги завршат сите потребни проверки и поправки на внатрешните грејни инсталации пред почетокот на грејната сезона, бидејќи редовното одржување на внатрешните грејни инсталации е нивна обврска. Се препорачува навремено да се извршат проверките и да се завршат започнатите интервенции во најкус можен рок, и тоа да се пријави во Центарот за грижа за потрошувачи. На тој начин граѓаните ќе придонесат испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено.

„Важно е заедниците на сопственици да овозможат пристап на службените лица до топлинските потстаници во објектите и да обезбедат непречено електрично напојување во топлинската станица (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Навременото и квалитетно снабдување со топлинска енергија е од витално значење за комфорот на нашите корисници. Затоа, апелираме да ги следат препораките и да соработуваат со службените лица за да се обезбеди непречено функционирање на системот за централно греење“, се наведува во соопштението од ЕСМ.






За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи. Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100

Поврзани содржини