„ДАНЕЛА АРСОВСКА Е ПРОМАШЕНА ИНВЕСТИЦИЈА“ Таравари е против идејата политичари да разрешуваат градоначалници
Министерот за здравство, Арбен Таравари, сепак појасни дека не ја поддржува идејата политичари да разрешуваат градоначалници, посочувајќи дека тоа го прават граѓаните.
„Скопската градоначалничка Данела Арсовска промашена инвестиција“.
Ова го изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, на прес-конференција по посетата на Универзитетската клиника за очни болести.
Министерот појасни дека не ја поддржува идејата политичари да разрешуваат градоначалници, посочувајќи дека тоа го прават граѓаните.
– Јас мислам дека градоначалниците се избираат од граѓаните. Ние предлагаме измени во Законот за локална самоуправа за да рационализираме да нема постојано избори. Мислам дека градоначалниците можат да останат без мандат само преку тие кои им го даваат мандатот. Мандатот го дава народот и само тој може да го одземе. Јас мислам дека градоначалникот на Кисела Вода се повикува на градоначалничката на Град Скопје која е промашена инвестиција – изјави Таравари.