ИСЧИСТЕН ОД СОПСТВЕНИОТ КРИМИНАЛ И РЕФОРМИРАН Каков СДСМ сака ВМРО-ДПМНЕ во единството за најважните прашања за државата?

Од владејачката партија делат дека со лицемерна и дволична политика, со истите и стари и потрошени кадри не се гради единство. 

895

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение му порача на СДСМ прво да се исчисти од сопствените криминали и да се реформира, па потоа да прифати единство за најважните прашања за државата.

„СДСМ потребно е да се реформира и да се откаже од криминалот, а потоа да прифати се она што премиерот Христијан Мицкоски го понуди како платформа на обединување.

„Ова се принципите  – правда и правна држава, стоп за партизацијата на општеството, крај на етничките конфликти и мегаломанските барања зад кој се кријат лукративните интереси, да го заштитиме и подобриме стандардот на граѓаните, праведно општество, силно образование, исполнување на стратешката цел за членство во ЕУ, национално и државно единство, борба против иселувањето, градење на заеднички патриотизам“, се наведува во соопштението.

Од владејачката партија делат дека со лицемерна и дволична политика, со истите и стари и потрошени кадри не се гради единство.

Поврзани содржини