ФЕРОИНВЕСТ ПРОДОЛЖУВА ДА ГРАДИ ФОТОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРАНИ ЗА КЛИЕНТИ Најновата е на компанијата „Лумос Груп“ од Ресен
Електраната е изведена на благо ридско земјиште во близина на влезот на градот од страната на Преспа и е изградена во четири целини со максимална професионалност на проектантите, инженерите и техничарите на „Фероинвест“ и ЕМС.
Нова фотонапонска електрана од 4 MW е пуштена во работа во близина на Ресен, е изградена од „Фероинвест“ за клиентот „Лумос Груп“ од Ресен.
Електраната е изведена на благо ридско земјиште во близина на влезот на градот од страната на Преспа и е изградена во четири целини со максимална професионалност на проектантите, инженерите и техничарите на „Фероинвест“ и ЕМС.
Инвеститорот, ресенска фирма „Лумос Груп“, која инвестира во обновливи извори, е посветен на производството на чиста електрична енергија и на трендот на енергетската транзиција, а довербата за изведување на електраната му ја довери на „Фероинвест“ како лидер на полето на енергетиката во последните 15 години.
„Фероинвест“ на своите клиенти им нуди и мониторинг и одржување на нивните електрани со цел истите да произведуваат со својот максимален капацитет, како и обезбеден откуп на електричната енергија по најповолни цени.
За своите клиенти, „Фероинвест“ почна да изведува и батерии, преку кои се постигнува оптимално искористување на вишоците произведена електрична енергија од фотоволтаици.