📷 КОНСТРАКТА СО ПОРАКА ЈА ПОДДРЖА СЕВЕРИНА Еве што ѝ порача српската пејачка
Српската пејачка Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, на Инстаграм ѝ упати кратка порака со поддршка на Северина, која српската полиција ја приведе на разговор при преминување на границата.
Српската пејачка Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, на Инстаграм ѝ упати кратка порака со поддршка на Северина, која српската полиција ја приведе на разговор при преминување на границата.
„Убаво зборува Северина“, напиша Констракта (45).
Северина на својот профил на Инстаграм ја сподели објавата на Констракта.
Северина во текот на вчерашниот ден потврди дека полицијата ја запрела при влез во Србија во неделата и по неколку часа ја однела на разговор во полициската зграда.
Потсетуваме, српската полиција ја приведе Северина Вучковиќ на разговор, при минување на границата поради, како што пишуваат српските медиуми, „спорните изјави“ што ги давала во јавноста.